Објавено на:

Како водечките светски сили реагираат на посета на Пелоси на Тајван

t

Кина – властите официјално потврдија дека посветуваат големо внимание на Пелоси и доколку САД дејствуваат без оглед на мислењето на другите, ќе преземат силни мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет надевајќи се дека американските власти разбираат важноста и чувствителноста на прашањето и сите потенцијални ризици.

САД – Белата куќа смета дека Пелоси има право да го посети Тајван, иако таа не ги потврдила таквите планови на американската администрација, додека евентуалната посета не го менува американскиот пристап кон проблемот со островот, а Вашингтон не е заинтересиран за ескалација, апелираат до Кина да не „мафта со сабја“.

Русија – Песков ситуацијата ја нарече провокација што доведува до зголемување на тензиите во регионот, Вашингтон провоцира, а Москва можната посета на Пелоси на Тајван ја смета за обид за дополнителен притисок врз Пекинг.

Германија – вети дека ќе го поддржи Тајван во случај на напад од Кина и изјави дека не прифаќа кога се прекршува меѓународното право, а голем сосед напаѓа помал.

Јапонија – Министерот за надворешни работи не ги коментираше најавите за можна посета на Пелоси, нагласувајќи ја само важноста од стабилни односи меѓу САД и Кина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…