Како да се гласа за амандман кој никој не го видел: Славевски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ го кршат деловникот

t

Претсдателот на Советот, Трајко Славевски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ го кршат деловникот за работа на советот бидејќи никој од советниците немал увид во амандманите.

Цитирајќи го деловникот за работа на Советот на Град Скопје, советничката Ирена Витина истакна дека се работи за крајно лицемерие од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои намерно ја блокираат работата на Градот.

-Во интерес на вистината, во интерес на јавноста пред мене стои деловникот на Советот на Град Скопје. Во делот за амандмани член 129 амандман може по правило да се поднесе најдоцна еден ден пред денот определен за одржување на седницата на Советот на Град Скопје на која се претставува предлог одлуката и се поднесува преку претседавачот на Советот. Не само што не го добивме еден ден туку не го добивме да го видиме пред нас. Ова е крајно лицемерие. Јас пред мене не сум добила амандман. Градоначалничката не добила амандман. Потрчавте да го изгласате амандманот. Блокирате, блокатори. Да ве прашам тие што го поднесовте амандманот. Колку време ќе треба да се спроведе овој амандман? Дали треба да се промени програмата за социјална заштита? И зошто си играте со чувствата на најранливата категорија на граѓани? Ќе биде ли ова спроведливо до крајот на 31 јануар? Нема да биде. Тоа да го кажете пред граѓаните, вели Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…