Како државата го дозволува ова?! Македонски ученици од Битола патувале во Софија како “истомисленици на клубот Ванчо Михајлов”

t

Фондацијата „Бугарска меморија“ вчера на Фејсбук објавила лажна информација дека ученици од Техничкото училиште во Битола биле во посета на Софија како „истомисленици на клубот Иван Михајлов“, обвинува директорката на училиштето, која вели дека нивни ученици воопшто не патувале за Софија.

Според објавеното на Фејсбук, но и на официјалната веб-страница на фондацијата, дводневната посета била „составен дел од програма за градење добрососедски односи и европска интегрaција не само на Бугарија, туку и на Северна Македонија“. Притоа, за учениците пишува дека се „истомисленици на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола“.

-Младите луѓе, кои се истомисленици на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во градот Битола, беа тука како составен дел од долгогодишната програма на Фондацијата Бугарска меморија за градење добрососедски односи со Македонија и европската интеграција на младите од двете страни на границата, велат од Фондацијата на бизнисменот Милан Врабевски, кој е финансиер на здруженијата „Иван Михајлов“ од Битола и „Цар Борис Трети“ од Охрид.

Директорката на училиштето, Жанета Сервини, демантира дека младите од фотографиите на фондацијата биле ученици во Техничкото училиште.

-Категорично ги отфрламе дезинформациите за присуство на ученици од техничкото училиште од Битола во Бугарија. Во Софија бевме отидени јас и заменик-директорот Љупчо Здравковски, за да воспоставиме Еразмус + соработка со училишта во Софија, како што впрочем е и практиката на сите други училишта. Со дадената непроверена информација направена е шпекулација со која е нарушен нашиот углед и угледот на училиштето, се вели во реакцијата на Сервини.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

(Фото) Нов пожар во Битола во близина…

Пожар избувна во близина на железничката пруга…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…