Објавено на:

Како на див запад: Фатени 15 возила кои се подготвувале за диви трки од Тетово до Скопје

t

Петнаесет возила со македонски и странски регистарски ознаки вчера биле исклучени на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, бидејќи вршеле подготовки за организирање диви трки на автопатот Тетово-Скопје и обратно, информира Министерството за внатрешни работи.

Кон лицата се преземени соодветни мерки и изречени им се санкции за прекршоците кои им биле констатирани.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не организираат трки на автопатот и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Во спротивно, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе им бидат конфискувани нивните возила во рок од 90 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата претепала 22-годишно момче во Тетово? Полцајците…

Бил запрен од полицијата поради контрола, но…

По 15 месеци од несреќата започна отстранувањето…

Петнаесет месеци по трагичниот случај во модуларната…

Нема крај: И денеска дојави за бомби…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Дојави за бомби денеска во вкупно осум…

На меил адреси на осум средни училишта…

Да беше Ленин – Сталин со Квиско…

Да беше Ленин Сталин во 2018-та ќе…