Објавено на:

Како со маските во пандемијата, така сега со нафтата – богатите хистерично грабаат сè

t

Земјите што имаат можност да платат за количествата нафта што ги сметаат за неопходни, едноставно, ги прегазија трговците од голем број држави, а недостигот на гориво се чувствува низ целиот свет – од делови на Азија, потсахарска Африка, сè до Јужна Америка. Нафтата и гасот, кои претходно стигнуваа до овие земји без многу проблеми, се пренасочени кон Јапонија, Кина, САД и Европа.

– Пазарот не е хармоничен систем кој праведно ги распределува стоките, туку се приспособува на законот на џунглата. Донесувањето одлуки врз основа на цените за резултат има неправеден исход, изјави Изабела Вебер од Универзитетот во Масачусетс за „Њујорк тајмс“, пренесе РТС.

Претходниот случај од ваков вид, на глобално ниво, беше забележан пред шест години, кога големите и моќни земји практично зграпчија медицинска опрема за да одговорат на притисокот од пандемијата на коронавирусот. Во април 2020 година, француските медиуми прилично точно документираа еден од „грабежите на аеродромите“, кога група Американци се приближија до авион на пистата на аеродромот во Шангај и „пренасочија“ пратка заштитни маски, првично наменета за Французите, кон САД во замена за торба полна со пари. Слична сцена се повтори во Бангкок, каде што маските наменети за германски купувачи беа „пренасочени“ кон Америка. Германците потоа купија уште шест милиони маски, кои магично исчезнаа во Кенија. Никогаш не е ни приближно утврдено кој е одговорен за овој случај, а властите во Најроби едвај споменуваат некого како можен виновник.

Шест години подоцна, стравот од недостиг предизвика нов бран на речиси хистерично купување критични суровини како што се нафтата и гасот, бидејќи владите на најмоќните земји се обидуваат да ги поштедат сопствените економии од недостиг на енергија, главно на сметка на послабите и посиромашните. Натрупувањето енергетски ресурси неизбежно резултира со зголемување на цените, но и со недостиг, што досега најтешко ги погоди потрошувачите на гас во Индија, или авиокомпаниите во Југоисточна Азија, кои останаа без бутан и керозин, наведува РТС.

Земјите во светот, кои од глобализацијата очекуваа некаков вид регулирање на пазарот, сега се принудени, преминувајќи кон чисто преживување, секоја да направи најдобро што може за себе, според количеството пари што им е на располагање. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, дури неодамна апелираа до земјите во светот да не складираат или да ограничуваат извоз, предупредувајќи за последиците што би можеле да ги имаат таквите потези врз економиите на цела низа земји.

Иранската национална гарда, во понеделникот, соопшти дека Хормускиот Проток е затворен, а САД најавија „хуманитарна акција“ за спасување на бродовите заглавени таму – „Проект слобода“. Резултатот на тоа е продолжена агонија во снабдувањето на светот со нафта. Цели два месеца откога почна конфликтот, нема сигнали дека мирот е на повидок – напротив, најновите случувања упатуваат на опасност од разгорување на војната. Најважното барање на САД – Иран да ја прекине нуклеарната програма, Иранците не го прифаќаат, покажувајќи неочекувана жилавост. Или, како што во една пригода напиша „Њујорк тајмс“, очи в очи со иранските лидери, американскиот претседател прв трепна, оценувајќи дека прагот на издржливост на властите во Техеран е повисок од оној на властите во Вашингтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како со маските во пандемијата, така сега…

Земјите што имаат можност да платат за…

Мицкоски: Инфлацијата на храната нема да надмине…

Инфлацијата за основните прехранбени производи не се…

Цените на сировата нафта паѓаат, но барелот…

На лондонскиот пазар, барел нафта од типот…

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник и Александар…

Кривични пријави против кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов…

Засилени контроли за боледувања: ФЗОМ ја разгледува…

Сомнежите за злоупотреба на боледувањата го натераа…