Калас: ЕУ разгледува опции за помош на Меѓународниот кривичен суд

t

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека постои тековен напад врз меѓународниот правен поредок и дека ЕУ разгледува опции за помош на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Постои широк напад врз меѓународниот правен поредок, човековите права, меѓународно договорените норми и институциите воспоставени за нивно спроведување. ЕУ има долга и силна политика на поддршка на МКС, но таа има и свои недостатоци“, рече Калас за време на говорот на Колеџот на Европа во белгискиот град Бриж, пренесува „Ројтерс“.

Таа истакна дека сите земји од ЕУ се членки на МКС, но дека една од овие земји го почнала процесот на напуштање.

„Една земја членка ја објави својата намера да се повлече од МКС, но сите земји членки се правно обврзани со одлуките донесени од Европскиот совет, вклучително и поддршката на МКС во случај на напуштање на судот“, рече таа осврнувајќи се на Унгарија, пренесува „Танјуг“.

Калас изјави дека се бараат механизми за судска помош во рамките на ЕУ.

„Во Брисел моментно ги разгледуваме сите достапни опции, вклучително и конкретни мерки за ублажување, за да продолжиме да го поддржуваме МКС“, рече Калас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Никогаш нема да дозволам партиските интереси…

Во видео-обраќање по повод 62-годишнината од скопскиот…

Шукова: Железница на кеј на Вардар –…

„Идејата за железница покрај кејот на Вардар…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…