Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана
Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три часа пред самоубиството, односно околу 11 часот утрото на 2 март 2026 година. Насилството се случило на јавен простор, односно пред влезот на гимназијата „Нова“ во Карпош.
На снимката која беше пуштена во судница како доказ се гледа дека откако сведокот Мартин Саздов си заминал со возилото БМВ по средбата со Ивана кај гимназијата „Нова“, по него спротивната страна доаѓа Стојанче Јовановски пешки. Во 11 часот и 7 минути се забележува како Ивана влегува во кадарот на камерата од „Сејф Сити“, односно во моментот кога со Стојанче се среќаваат на влезот на училиштето и застануваат на тротоарот.
Обвинетиот Јовановски на снимката вознемирен вика, гестикулира со рацете и ја удира Ивана силно со десната рака во лицето. Ивана се повлекува назад на видеото и ѝ се затресува главата од силниот удар. Продолжуваат да се расправаат и да стојат на тротоарот, а Ивана се држи за лицето и седнува на оградата. Во 11 часот и 9 минути Ивана станува, се држи со левата рака за лицето каде беше удрена, продолжуваат да се расправаат со Стојанче по што се гледа возило БМВ-то на Мартин Саздов како се враќа на местото. Тој излегува од возилото, сите заедно зборуваат.
Во 11 часот и 12 минути на видеото, Стојанче повторно ја удира Ивана со шлаканица во десната страна од лицето по што таа се повлекува и главата ѝ се поместува. Во тој момент Мартин Саздов застанува меѓу нив двајцата и го отргнува на страна Стојанче. Го фаќа за рацете за да престане да ја удира Ивана но, Стојанче е видно вознемирен и нешто зборува по што повторно ја удира Ивана со десната рака со шлаканица во лицето, како што можеше да се види од снимките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче…
Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува…
И Стојанче ја пријавувал Ивана за семејно…
Обвинителката Адела Бојчевиќ во продолжението на рочиштето…
„Сопругот чува дрога во мојот стан“: Ивана…
Сега починатата Ивана Јовановска на бројот 112 го…
Мајката на Стојанче си го пријавувала синот…
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче…
Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната…
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето…