Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија и избегал
Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, по што избегал, а пешакот починал, пренесуваат српските медиуми.
Несреќата, како што наведуваат дел од српските медиуми, се случила ноќеска на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица.
Според информациите, Н.К. управувал камион „волво“ кон Лесковац кога удрил во пешакот и му нанел повреди од кои човекот починал на самото место.
Возачот не застанал, туку побегнал од местото на несреќата. По реакција на полицијата, тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија…
Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во…
Србија ја продолжува Уредбата со која се…
Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…
OFAC ја продолжи лиценцата на НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC)…
Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од…
Српската влада денес одлучи да ја продолжи…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…