Објавено на:

Капитенот оптимист: Успеав да го запрам Роналдо, знам како и со Италија

t

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски пред натпреварот со Италија даде интервју за еден од најпознатите италијански весници „Газета дело Спорт“.

Ристовски истакна дека во кариерата успеал да го запре Кристијано Роналдо па верува дека ќе успее и Италија.

„Репрезентацијата е едно големо семејство, сите си помагаме еден на друг. За да победите големи селекции како Италија потребен ви е тимски дух, мора сите да се жртвуваат. Јас еднаш успеав да го запрам Роналдо, па знам како и против Италија“.

За Македонија ова е натпревар во кој нема што да изгуби, додека Италијанците се под притисок.

„Немаме што да изгубиме во овој натпревар, но ве уверувам дека не дојдовме тука за да се предадеме. Ќе направиме за на цела Македонија да и донесеме нова голема радост. Знаеме која е Италија, станува збор за актуелен европски шампион со фантастични фудбалери. Од моето искуство играјќи во Италија научив многу и знам како треба да се соочиме“, изјави Ристовски.

Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра утре на стадионот во Палермо во 20.45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…