Карлсон: Војната со Иран би значела крај на американската империја и крај на мандатот на Трамп

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер Карлсон верува дека евентуалната војна со Иран би можела да доведе до колапс на американското влијание во светот и де факто крај на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
„Навистина се плашам дека мојата земја ќе биде уште послаба. Мислам дека ќе бидеме сведоци на колапс на американската империја. Тоа е совршен начин носачот на авиони „Америка“ да се насука на брегот на Иран. И тоа, според мене, ќе значи и крај на претседателството на Трамп“, рече Карлсон во подкаст со поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон.
Новинарот, исто така, изрази сомнежи за способноста на Соединетите Американски Држави да водат голема војна на Блискиот Исток. „Колку е подготвена американската војска за вистински конфликт? Одговорот е – целосно неподготвена“, заклучи Карлсон. Во ноќта на 13 јуни, Израел започна операција против Иран, обвинувајќи го за спроведување тајна воено-нуклеарна програма која наводно се приближила до точката од која нема враќање.
Цели на воздушните бомбардирања и упадите од страна на саботажни групи беа нуклеарни постројки, генерали, истакнати нуклеарни физичари, воздухопловни бази, системи за воздушна одбрана и ракети земја-земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…