Карлсон: Путин попрво би започнал нуклеарна војна отколку да се откаже од Крим, Америка ја водат лудаци
Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Соединетите Американски Држави ги водат „лудаци“, додавајќи дека претставниците на Стејт департментот лажат дека Русија е експанзионистичка сила.
– САД не ја сакаат Русија, американската влада не ја сака Русија. Како и многу Руси, Путин очекуваше крајот на Студената војна да биде еден вид покана за Русија да стане дел од Европа, бидејќи таа е европска земја чија половина е во Азија. Сепак, има многу што е европско поврзано со неа. Ако дојдете во Москва, тоа е многу европски град, а Западот ја отфрли Русија, рекол Карлсон во видео објавено по интервјуто со Путин.
Според него, Западот бил одлучен да не влегува во сојуз со Русија.
– Тоа е очигледно. Тоа, претпоставувам, е целата поента на НАТО – да ја задржи Русија. Путин е повреден и многу вознемирен поради тоа. Неговите очи се засјаија додека разговаравме за тоа, изјавил американскиот водител.
Тој додал дека Путин е „паметен“, но нагласил дека рускиот претседател „не е многу добар во објаснувањето“, бидејќи, како што вели, „очигледно поминува многу време во свет каде што не мора да се објаснува“.
Карлсон изјавил дека Русија не е експанзионистичка сила, и покрај тоа што како таква е претставена од „сите лажговци и идеолози кои раководат со Стејт департментот“.
-Треба да си идиот за да го мислиш тоа. Русија е преголема. Тоа е најголемата копнена маса во светот – рекол новинарот прашувајќи зошто Москва би сакала да ја нападне Полска, пренесуваат агенциите.
Тој изјавил дека „нема докази за тоа“, додавајќи дека „какви и да биле грешките на Путин, Русија не е експанзионистичка сила“.
Карлсон посочил дека му е „впечатливо“ што Путин „бил подготвен да признае дека сака мировен договор во Украина“ за време на интервјуто.
Американскиот водител, сепак, истакнал дека Путин попрво ќе започне нуклеарна војна отколку да дозволи да го изгуби Крим.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Трамп најавува дека ќе стави крај на…
Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…
Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…