Картелот на Звицер има политички газда: Првиот човек на српската полиција открива нови детали за атентатот на Вучиќ

t

Организираната криминална група сака да му се одмазди на Александар Вучиќ затоа што успеавме да ги разбиеме големите нарко картели, изјави министерот за внатрешни работи Александар Вулин. Тој нагласи дека Радоје Звицер не работи сам, туку дека има политички газда.

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин за РТС изјави дека не е ништо ново што Интерпол доставил податоци за тоа како го подготвувал атентатот на Александар Вучиќ, Радоје Звицер, бидејќи бил газда на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ и дека изгледа се е од него организирано. Миљковиќ и Беливук беа уапсени како водачи на организирана криминална група обвинети за неколку кривични дела, вклучително и некои од најтешките во српското кривично право.

Вулин нагласи дека во текот на самата истрага секој криминалец се обидува да си ја подобри положбата, но дека тоа не е прашање на полицијата која завршила со работата и го снабдува обвинителството со сите потребни докази.

„Најважно е што злобниците повеќе не се на улица. Никој не ни ги убива децата“, рече Вулин.

Зборувајќи за информациите за планот за атентатот на Александар Вучиќ, тој рече дека организираната криминална група сака да му се одмазди, „бидејќи успеавме да ги разбиеме големите нарко картели“.

Звицер не работи сам, има политички газда и ќе се обиде да му се одмазди на Вучиќ“, изјави Александар Вулин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гори во Македонски брод и Студеничани: Вчера…

Вчера, четврток, 08.08.2024 година, имаше вкупно 46…

Бугарија ќе ја добие втората жена премиер…

Бугарскиот премиер Румен Радев ја назначи Горица…

ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…

Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…

Трамп и Харис ќе одржат дебата на…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…