Катастрофа: Ова се моменталните плати во градинките, основното и средното образование
Списоците од кои може да се види дека ниту една плата, освен веројатно директорската, не е ни блиску до просечната, ги објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со придружен коментар:
„За нештата да бидат појасни
Синоќа се постигна договор помеѓу Владата, организацијата на работодавачи и ССМ за корекција на минималната плата, во висина од 18.000 денари. Политичка одлука, на задоволство на 13.7% од работниците, а останатите 86,3% се прашуваат дали конечно ќе профункционира правната држава и дали законот за минимална плата ќе се почитува во целост?!
Последниве 14 часа бројни се коментарите во однос на изедначување на платите на голем број работни места во иста дејност, со различна сложеност на работата, со различни бодови или коефициенти. Класична “урамниловка”. Во градинките, дури десет групи на различни работни места, со различни бодови, ќе земаат иста плата. Во основното и средно образование “само” пет групи на работни места со различни коефициенти ќе земаат иста плата, односно 18.000 денари. Ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции кои го третираат овој проблем.
За воljа на вистината, на синоќешната средба не беше негирано дека ќе има зголемување на платите и на другите работни места во различни дејности (образование, детски градинки, администрација, здравство итн.), но тоа треба дополнително да биде ставено на дневен ред на Економско – Социјалниот Совет (ЕСС) и да се преговара и договара…..
СОНК и КСС се единствени во ставовите, кои беа и јавно презентирани пред членовите на ЕСС, дека доколку веднаш не почнат преговорите за усогласување на платите со колективните договори, во тој случај органите на одлучување на овие организации ќе донесат одлуки за најрадикални легални и легитимни синдикални активности, во одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласност со постоечките закони.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…