КАТИЦА ЈАНЕВА БИЛА ОСУДЕНА НА ЗАТВОРСКА КАЗНА УШТЕ ВО 2001 ГОДИНА!

t

Документот што ќе ви го претставам денеска се однесува на ликот и делото на Катица Јанева, поранешната шефица на сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство. Кога ми падна „во дворот“ пред околу две години, Катица веќе беше осудена (иако неправосилно) за аферата „Рекет“. Бидејќи не е убаво човек на мртов Германец шлаканица да му врзе, решив документот да го „закопам“ за догледно време. Го носам во чантата и го покажувам само на блиски пријатели, кога сакаме малку да се насмееме, пренесува Плусинфо.

Арно ама, има некои недоветници кои одвреме-навреме ја пласираат во јавноста старата теза дека Катица Јанева била намерно искомпромитирана во медиумите (заедно со фамфаталната Фатиме Фетаи), со цел да се урниса нејзиниот углед и на тој начин прво да се поткопа, а потоа и целосно да се уништи Специјалното јавно обвинителство. Тие недоветници упорно тврдат дека Катица била „наместена“ да прими поткуп. И уверуваат станувало збор за извонредно чесна и способна јавна обвинителка, без дамки во нејзината кариера.


Ете затоа одлучив документот да го „откопам“ и да го претставам јавно.

Таткото на Катица со чадор го тепал адвокатот среде судница!

Станува збор за првостепена пресуда на Основниот суд од Гевгелија К.бр. 5/2000, донесена од судијата Иван Стаменов. Со оваа пресуда, првообвинитетиот Костадин Д., пензионер, е осуден на условна затворска казна од 4 месеци за кривично дело Загрозување на сигурноста по член 144 став 1 од Кривичниот законик, додека второобвинетата Катица Јанева, ќерка на Костадин Д., со условна затворска казна од 2 месеца за кривично дело Навреда од член 173 став 1 од КЗ (ова кривично дело веќе не постои-з.м.). Во време на извршувањето на кривично дело, Катица Јанева била вработена во Основниот суд во Гевгелија на местото стручен соработник. Тужителот Зоран Шуклев бил и сè уште е адвокат.

Кривично-правниот настан се случил на 19 октомври 1999 година, во големата сала на гевгелискиот суд, за време на расправата за граѓанска парница, во кој првообвинетиот бил тужена странка. Шуклев бил приватен тужител, полномошник на извесна Зага Г. Во напната атмосфера, каква што често има во нашите паланечки судови кога луѓето се судат за меѓа и за сенешто, се случил инцидент што судијата Стаменов педантно го опишал во пресудата. Цитирам:

„За време на одржувањето на расправата првообвинетиот Костадин Д. по изнесени наводи на тужителот како полномошник во парничниот предмет првообвинетиот без повод и причина почнал да го пцуе на тужителот, почнал сериозно да се заканува дека ќе нападне врз него, потоа станал од местото од каде што седел и се упатил на другата страна према тужителот со предмет – чадор и го удрил на 2 пати односно замавнал и еднаш го удрил по рака и еднаш по нога, потоа земал стоилица со намера тужителот да го удри …“

Големата мисла на идната специјална обвинителка – адвокатско гомно, ќе видиш ти за ова!
Во тој момент влегле сведоци и го спречиле Костадин Д. да го удри адвокатот Шуклев со столицата, по што тој успеал да избега од судницата. Но, судењето требало да продолжи, бидејќи требало да се сослушаат сведоците. Судијата Стаменов опишува што се случило понатаму:

„Од кога тужителот (Шуклев – з.м.) се повратил во судницата и тргнал на своето место … влегла внатре и била присутна и второобвинетата Катица Јанева, која на тужителот му се обратила со зборовите АДВОКАТСКО ГОМНО ЌЕ ВИДИШ ТИ ЗА ОВА за да потоа на барање на судечкиот судија и од страна на веќе пристигнатата судска полиција била отстранета од судницата“.

Пресудата против Катица Јанева и против нејзиниот татко, „во името на граѓаните на Република Македонија“, судијата Иван Стаменов ја донел на 29 јуни 2001 година, откако ги зел предвид сите искази на сведоците на скандалозниот настан во големата судница на Кривичниот суд во Гевгелија.

Одмаздата на „карактерната“ Катица Јанева

Според нашите сознанија, со добра волја на адвокатот Шуклев, пресудата против Јанева подоцна ќе падне на второстепеното судење, за да не се упропасти кариерата на младата стручна соработничка. Тогаш никој не можел да предвиди дека Катица еден ден ќе биде избрана за нашата најславна обвинителка, дека ќе биде прогласена за ангел, дека ќе стане ѕвезда и лик што ќе го носат на своите маички учесниците на Шарената револуција.

Катица Јанева, карактерна каква што си ја знаеме, нема да го заборави настанот. Години подоцна, за случајот „Поштенска банка“, таа ќе поведе истрага и против бизнисменот Томе Главчев и против адвокатот Зоран Шуклев. И двајцата денес се обвинети во предметот, за кој на обвинетите, спротивно на елементарното судско начело „не два пати за иста работа“, им се суди по втор пат.

Катица Јанева денес е зад решетки, правосилно осудена на долгогодишна затворска казна за многу потешки кривични дела. Сите адвокатски „гомна“ што ги ангажираше не успеаја да ѝ помогнат да докаже дека е невина.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи откри: Ова е најкритичен и неприфатлив…

Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го…

Србија ќе има најмодерна заштита од град…

Природните непогоди, од почетокот на пролетта, многупати…

Османи: Македонскиот јазик станува еден од 25-те…

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели…

Протести во Грузија по недобивањето кандидатски статус…

Неколку десетици илјади луѓе се собраа вечерва…

Путин им се обрати на матурантите: Поставете…

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин им…