Кац: Израел никогаш нема целосно да се повлече од Појасот Газа
„Ќе има значајна безбедносна зона во рамките на Појасот Газа, дури и кога ќе преминеме во втората фаза од мировниот договор, во случај Хамас да се разоружа. Ова ќе придонесе за заштита на израелската заедница“, рече Кац, објавува „Тајмс оф Израел“.
Според него, ако Хамас не се разоружа сам, тогаш Израел ќе го принуди да го стори тоа.
„Ако не го контролираме коридорот меѓу Газа и Египет ниту еден ден, Иран ќе успее да испрати секаков вид оружје во Газа“, рече Кац.
Тој ги отфрли обвинувањата дека го „сменил“ својот став за повик за изградба на израелски населби во Појасот Газа.
„Се повлекувам само кога возам“, рече Кац, истакнувајќи дека „неговата визија“ за Газа, која вклучува изградба на населби во северната палестинска енклава, „ќе биде имплементирана навреме“.
Според мировниот план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел не смее да го окупира или анектира Појасот Газа.
Дополнително, кога ќе бидат распоредени меѓународни „стабилизациски“ сили, израелската армија ќе се повлече од енклавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Израел никогаш нема целосно да се…
„Ќе има значајна безбедносна зона во рамките…
СЗО: Над 1.000 пациенти починаа чекајќи евакуација…
Повеќе од 1.000 пациенти починаа во претходната…
Израелскиот претседател ја повика Австралија да се…
Израелскиот претседател Исак Херцог ја повика австралиската…
Израел уби еден од клучните луѓе на…
Израелската армија изврши напад врз автомобил во…
Македонија воздржана за резолуцијата на ОН за…
Македонија гласаше воздржано на седницата на Генералното…