Објавено на:

Кај нас се враќаат со авиони: Секој петти Германец размислувал да ја напушти земјата

t

Анкетата на Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата покажува дека секој петти жител на Германија размислувал да ја напушти земјата, пренесува ДПА.

Од анкетираните, 21 отсто изјавиле дека размислувале за емиграција. Кај Германците без мигрантско потекло тој дел изнесува 17 проценти, додека лицата кои самите имигрирале во Германија се двојно поголеми – 34 проценти размислуваат за напуштање на земјата.

Најчест мотив за заминување е надежта за подобар живот, што го навеле речиси половина од анкетираните. Лицата со мигрантско потекло, покрај тоа, често го наведуваат и искуството на дискриминација како причина за желбата за емиграција.

Сепак, конкретни планови за преселба во странство се ретки: само два проценти од анкетираните имаат намера да се преселат во рок од една година. Според Федералната статистичка служба, во текот на 2024 година Германија ја напуштиле 1,2 милиони луѓе.

Истражувањето исто така укажува дека во јавните дебати за имиграцијата често се занемарува фактот дека луѓето редовно си заминуваат од Германија, што влијае на демографскиот развој и недостигот на работна сила во земјата.

Највисока склоност кон емиграција е забележана кај лица со семејни врски во Турција, Блискиот Исток и Северна Африка (39 проценти), по што следуваат имигрантите од поранешниот Советски Сојуз (31 процент) и други земји од Европската Унија (28 проценти).

Истражувањето опфатило 2.933 лица и било спроведено од летото 2024 година до летото 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај нас се враќаат со авиони: Секој…

Анкетата на Германскиот центар за истражување на…

„ВОЗАЧОТ НЕ ГО УДРИЛ, САМ СЕ ПОВРЕДИЛ“:…

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје излезе со…

Медведев: Владејачките европски будали сè уште сакаат…

Доколку Европа продолжи да зборува за испраќање…

ТРАГЕДИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА: Газдата призна дека вратата…

И покрај овие признанија, правните експерти предупредуваат…

Виктор Орбан: Глобална трансформација е пред нас,…

Глобална трансформација е пред нас“, рече унгарскиот…