Кај нас ќе чекаме божја казна додека поранешниот украински претседател се соочува со обвиненија за предавство и можни 15 години затвор

t

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко утре треба да се појави во судот во Киев при што судијата треба да одлучи дали ќе му изрече мерка притвор или ќе стави кауција за неговата слобода во случајот против него во кој се товари за акт на предавство.

Порошенко смета дека судскиот процес е политички мотивиран.

Петро Порошенко, кој беше на чело со Украина од 2014-та до 2019-та, се врати во земјата синоќа за да се соочи со обвиненијата и на присутните поддржувачи на аеродромот им порача дека се вратил да помогне во време кога „Украина се соочува со растечка закана од руската инвазија“.

Тој преку Твитер се огласи дека со поддршка од меѓународните партнери, Украина ќе ја зачува својата територија.

„Изразувам голема благодарност за извонредната меѓународна поддршка на Украина, особено во битката против постојната агресија од Кремљ, за поддршката од нашите сојузници во Вашингтон и Лондон, Берлин и Париз, Брисел и Отава, како и целата ЕУ и НАТО“, изјави Порошенко.

Обвинителството го товари за предавство дека наводно користел пати од илегална продажба на јаглен за да ги помогне сепаратистите кои имаат поддршка од Русија во периодот 2014-та-2015-та. Ако биде обвинет, се соочува со 15 годишна казна затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…