Објавено на:

Киев за американската помош – лош ден за Путин, Москва – поразот на Украина е неизбежен

t

Лош ден и лоша вест за Путин, напиша украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на социјалната мрежа Х, коментирајќи го американскиот пакет помош за Укарина вреден 61 милијарда долари, шо вчера го одобри Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Кремљ, пак, оцени дека „нема причина за славење“ и оти „поразот од Украина е неизбежен“.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански изјави дека Киев ќе претрпи пораз и покрај новата американска помош, јави ДПА. Тој верува дека парите од новиот пакет американска помош за Киев „ќе бидат ставени во џеб“ и „десетици илјади Украинци ќе одат на мелница за месо“.

Според Полјански, „нема причина за славење“, а „поразот од Украина е „неизбежен“.

ДПА ја пренесува и изјавата на премиерот на Украина Денис Шмигал на социјалната мрежа Фејсбук дека 50 милијарди долари од 61 милијарда долари, ќе бидат потрошени за украинската одбрана. Според него, тоа значи повеќе оружје за Украина, вклучувајќи системи со долг дострел и за противвоздушна одбрана. Уште 7,8 милијарди долари ќе одат во државниот буџет на државата, за обнова на важната инфраструктура, посочува Шмигал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦЕЛА ВЕЧЕР СЕ ВОДИ БОРБА ОГНОТ ДА…

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Река народ од Македонија…

На денешен ден пред 34 години во…

Рецепт за највкусната чоколадна торта!

Кога зборуваме за десерти, чоколадната торта секогаш…

(Видео) Александар Трајковски влезе во игра и…

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски го постигна…

Според Календарот на МПЦ, денес се празнуваат…

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и…