Објавено на:

Киев разочаран од Виена: Австрија предложила Украина да не биде „полноправна“ членка на ЕУ

t

Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг, смета дека е неопходно да се најде посебен модел за соработка на Украина со ЕУ, наместо да се гарантира нејзиното полноправно членство во ЕУ. Тој истакна дека во позадината на желбата на Украина да биде дел од ЕУ, не треба да се заборават земјите од Западен Балкан, кои долго време чекаат да влезат во ЕУ, така што е неопходно да се изнајде „нов концепт на европската политика за соседство“.

Украинското Министерство за надворешни работи е разочарано од предлогот на шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг да се најде посебен начин Киев да соработува со ЕУ наместо полноправно членство. Ова денеска го соопшти портпаролот на одделот Олег Николенко.


„Ние сме разочарани од изјавите на сојузниот министер за надворешни работи на Австрија за европската иднина на Украина. Ги сметаме за стратешки кусогледи и не се во интерес на обединета Европа“, напиша Николенко во коментарот објавен на веб страната на Министерството.
„Украина ги има сите причини да бара признавање на нејзината „стратешка улога за ЕУ“, смета Николенко.

Претходно денеска, австриски медиуми јавија дека Шаленберг смета дека е неопходно да се најде посебен модел за соработка на Украина со ЕУ, наместо да се гарантира нејзиното полноправно членство во ЕУ. Тој истакна дека во позадината на желбата на Украина да биде дел од ЕУ, не треба да се заборават земјите од Западен Балкан, кои долго време чекаат да влезат во ЕУ, така што е неопходно да се изнајде „нов концепт на европската политика за соседство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитров: На крајот сите ќе бидеме губитници,…

За било какво насилство нема оправдување. Протестите…

Граѓаните гневни: Ковачевски и Османи видовити, секоја…

Не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите…

СДСМ без срам и перде се јавија…

„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти…

(Фото) Најнов извештај од МВР: 47 полицајци…

47 поврдени полицајци, 11 потешко, 2 посериозно,…

Забрчанец за денешните протести: Вергините, маските и…

„Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат…