Објавено на:

Кина под демографска опасност: Рекордно низок наталитет

t

Стапката на новородени деца е најниска по 1949 година, природниот прираст е практично на нула и се претпоставува дека популацијата на Кина веројатно го достигнала својот врв во 2021 година и почнува да се намалува

Рекордно ниската стапка на новороденчиња во Кина предизвика демографска стагнација и го зголемува притисокот врз властите во Пекинг повторно да ја променат политиката и да ги поттикнат семејствата да имаат и по три деца.


Стапката од 7,52 новородени деца на 1.000 жители во 2021 година е најниската во Кина по 1949 година, кога Националното биро за статистика почна да води евиденција. Населението на Кина во изминатата година се зголеми за само 0,03 отсто, исклучувајќи го билансот на миграцијата, што е најмало зголемување во изминатите 61 година.

Во изминатата година во Кина биле родени 10,62 милиони бебиња, што е за речиси 1,5 милион помалку во споредба со претходната година. Во истиот период починале 10,14 милиони луѓе.

Демографскиот пад се смета за алармантна и непланирана последица од долгогодишната политика на Пекинг семејствата да имааат само по едно дете. Непопуларната политика, која предвидуваше големи казни за двојките што имаа повеќе од едно дете, го запре огромниот пораст на населението на Кина, но во исто време ја водеше најнаселената земја во светот до период на намалување на сегментот работоспособно население и зголемување на бројот на пензионери. Првични податоци од пописот покажуваат дека пропорцијата на жители на возраст над 60 години се зголемила од 18,7 на 18,9 отсто.

За да го спречи наглото стареење на нацијата, властите во Пекинг во 2016 година година ја сменија политиката „едно дете“ со „две деца“. Тоа, сепак, не придонесе значително за зголемување на семејствата, бидејќи младите двојки во градовите, соочени со високата цена на урбаното живеење, ретко кога се решаваат да имаат повеќе деца.

– Демографскиот предизвик е добро познат, но брзината на стареењето на населението е многу повисока отколку што очекувавме. Новите податоци укажуваат дека популацијата на Кина веројатно го достигнала својот врв во 2021 година, што го забавува потенцијалниот развој на земјата – објаснува Џивеи Џанг, економист во „Пинпоинт асет“.

Кина сега им дозволува на семејствата да имаат и по три деца, а разгледуваат и разни други поволности за да ги мотивираат младите двојки. Лани, на пример, беше забрането наплаќањето дополнителни часови за ученици, што низ годините прерасна во голема и профитабилна индустрија.

Стагнацијата на населението е закана за економскиот развој на Кина. Покрај заканата за стеснување на сегментот работоспособно население, запрена е и градежната индустрија и продажбата на станови.

Демографскиот експерт Хуанг Венџенг очекува уште неколку години бројот на новородени деца во Кина да биде околу 10 милиони, но и дека сигурно ќе почне да опаѓа ако властите не воведат нови мерки за да го олеснат родителството.

– Нужни се политики за да се обезбеди стапка на прираст на населението. Напредувањето во кариерата треба да биде поврзано со тоа дали имате деца. Потребни се економски иницијативи, па дури и исплаќање помош во пари, за да се намали финансискиот товар врз двојките – вели Хуанг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина кон земјите од Г7: Гледајте си…

Пекинг го отфрли барањето на Г7 да…

Седум држави формираат заеднички систем за размена…

САД, Јапонија, Канада, Јужна Кореја, Тајван, Филипини…

Страшно: Се запали авион со 113 патници…

На аеродромот во Чонгкинг, Кина, се случи…

Шамари од Кина за САД: Отстранете ги…

Кина ги повика САД да престанат да…

(Видео) “Бесмртен полк” во Кина: Илјадници луѓе…

На социјалните мрежи се појавија видеа од…