Кина: Тврдењата на Трамп се измислици
Кинеската влада ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за наводно кинеско мешање во американските избори, оценувајќи ги како „измислици.
„Релевантните тврдења од американската страна се чисти измислици и злонамерни клевети, кои одамна се разобличени како неосновани изјави“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, на прес-конференција во петокот.
Тој нагласи дека „Кина нема интерес во американските избори и никогаш не се мешала во нив“.
Портпаролот додаде дека светот „многу јасно гледа кој е тој што по навика се меша во внатрешните работи на други држави“.
Според Лин, Пекинг го повикува Вашингтон „да го преиспита сопственото однесување, да престане неосновано да ја оцрнува Кина, да не ја користи Кина како тема во изборната кампања и да направи повеќе за подобрување на односите меѓу Кина и Соединетите Американски Држави“.
Трамп повторно ги изнесе тврдењата за изборите во 2020 година
Доналд Трамп во четвртокот, во обраќање до нацијата, повторно ја повтори својата одамна оспорена теза дека победата на изборите во 2020 година му била „украдена“.
Според него, во тоа значајна улога имала и Кина. Тој тврдеше дека Народна Република Кина од 2020 година го извршила „најголемиот грабеж на изборни податоци во историјата“ и незаконски прибрала повеќе од 220 милиони избирачки досиеја од САД.
Трамп исто така побара промени во американскиот изборен систем.
Тој изјави дека постојат „шокантни слабости“ во системот и додаде дека разузнавачките информации покажуваат оти американските изборни машини и системите за пребројување на гласовите се „ранливи на хакирање, манипулации и корупција“.
Во меѓувреме, неговите критичари предупредуваат дека Трамп би можел да ги оспори резултатите од следните меѓуизбори доколку Републиканската партија претрпи пораз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина: Тврдењата на Трамп се измислици
Кинеската влада ги отфрли обвинувањата на американскиот…
Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења…
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против…
Трамп ќе го гледа финалето Аргентина –…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Две лица повредени во сообраќајка во Ченто
На 16.07.2026 во 08:30 часот во СВР…
Три пожари на отворено до 13 часот,…
Регистрирани се вкупно три пожари на отворен…