Објавено на:

Кинез „од хоби“ прислушувал комуникации во американска воена база во Јужна Кореја

t

Јужнокорејските власти уапсија двајца поранешни кинески војници под сомнеж за шпионирање. Полицијата ги товари приведените дека се обиделе да ги следат јужнокорејските воени активности и американските сили стационирани во Јужна Кореја.

Едниот од упасените, Кинез на возраст од 60-тина години е обвинете за помагање на непријателска држава и кршење на Законот за тајност на комуникациите. Според полицијата, тој користел софтверско радио за пресретнување на комуникациите во близина на аеродромот Гунсан на околу 180 километри јужно од Сеул.

Аеродромот Гунсан се користи за цивилни и воени потреби и се наоѓа веднаш до воздухопловната база Кунсан, каде се стациониран 8-миот борбен полк на американското Воено воздухопловство.

При сослушувањето мажот изјавил дека „слушањето воени комуникации е негово хоби“.

Полицијата посочува дека осомничениот влегол во Јужна Кореја повеќе пати од јануари 2024 година со туристичка виза и секој пат престојувал во земјата по една недела. Тој се сместувал во хотел во близина на аеродромот од каде ги прислушувал воените комуникации. Властите ја анализираат содржината на пресретнатите разговори за да утврдат дали податоците биле испратени во Кина.

Вториот приведен, маж на возраст од 40-тина години со корејско и кинеско потекло, според полицијата, уште во 2022 година воспоставил „лична врска“ со Корејка вработена во воената база „Хамфрис“, околу 65 километри јужно од Сеул, каде се наоѓа командата на американските сили стационирани во Јужна Кореја.

Според јужнокорејските медиуми, мажот ѝ дал пари на жената во замена за воени информации за базата. Истражители од Одделот за национална безбедност тврдат дека осомничениот собрал податоци за заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, како и информации за промените на командните позиции.

Полицијата потврди дека станува збор за поранешен кинески војник кој раководел со продавница за воена опрема во близина на базата „Хамфрис“ од 2021 година. Тој им рекол на истражителите дека информациите што ги добивал од жената „му биле потребни за работата“.

Тој е обвинет за помагање на непријателска држава и кршење на Законот за заштита на воените бази и инсталации. Жената, пак, е отпуштена од работа во базата и е предмет на истрага.

За двата случаи јужнокорејските властите ја информирале американската армија.

Кинеското министерство за надворешни работи одби да ги коментира апсењата, нагласувајќи дека „не се свесни за ситуацијата“.

Јужна Кореја е клучен сојузник на САД и во земјата се наоѓа најголемата американска воена база во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинез „од хоби“ прислушувал комуникации во американска…

Јужнокорејските власти уапсија двајца поранешни кинески војници…

Тротинет удрил во трудница додека се шетала,…

Трудница здобила повреди синоќа во Белград додека…

Луда вечер во Драчево: Се тепале лица…

Скопската населба Драчево синоќа наликуваше на вистинско…

Иран наскоро ќе се приклучи на Новата…

Иран наскоро ќе стане членка на Новата…

Повеќе од половина од албанските семејства не…

Повеќе од половина од семејствата во Албанија…