Објавено на:

Кинескиот министер за надворешни: Силно ја поддржуваме Србија во неутралните политики – носи одлуки врз основа на националните интереси

t

Помошникот министер за надворешни работи на Кина и портпаролка на кинескиот МНР Хуа Чунјинг соопшти дека Кина силно ја поддржува Србија во донесувањето одлуки врз основа на фундаменталните интереси на земјата и нацијата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние се спротивставуваме на надворешните сили кои вршат политички притисок врз суверените земји и се спротивставуваме на принудувањето на другите земји да застанат на страната на едната страна, напиша Хуа на Твитер.

Таа наведе дека кинескиот државен советник и министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ изјавил дека Кина силно ќе ја поддржи Србија во зачувување на нејзиниот суверенитет, територијален интегритет, националното достоинство и во водењето на независна надворешна политика.

Селаковиќ вчера телефонски разговараше со Ванг Ји, при што порача дека Србија е горда на своето челично пријателство и сеопфатното стратешко партнерство со Кина и дека е подготвена дополнително да ја зајакне соработката во сите области.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…