Кинески експерти: Консумирањето вино го намалува ризикот од инфекција со Ковид 19

t

Според експертите од болницата Канинг во Шенжен, Кина, консумирањето шампањ, црвено и бело вино може да го намали ризикот од инфекција со коронавирус.
Студијата е објавена во списанието Frontiers in Nutrition.

Истражувачите проучувале податоци од 473.957 луѓе, од кои 16.559 биле позитивни на КОВИД-19.
Учесниците беа поделени во три групи: луѓе кои не консумираат алкохол, поранешни консументи и сегашни консументи.

Истражувачите заклучија дека оние кои претпочитаат црвено вино се најзаштитени од Ковид 19: пиењето повеќе од пет чаши од овој пијалок неделно го намалува ризикот од инфекција за 17%.

За оние кои пијат една до четири чаши бело вино и шампањ неделно, ризикот од инфекција се намалува за 8%, но кога пијат повеќе од пет чаши неделно, „заштитниот ефект“ е речиси незабележлив.

Оние кои пиеле пиво и јаболковина имале 28% поголем ризик да се заразат со коронавирус, а количината на пиење не играла важна улога.

Претходно, Сергеј Колесников, член на Руската академија на науките објасни како со помош на вотка може да се заштити од сојот Омикрон. Според него, вдишувањето на испарувањата од алкохол помага до одреден степен да се отстрани вирусот од респираторниот систем.

Сепак, тој потсети и на потребата да се почитува социјалната дистанца и да се мијат рацете и носот.

Извор bgnes.bg
https://bgnes.bg/news/vinoto-i-shampanskoto-predpazvat-ot-covid-19/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…

Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…

Камион удри во ожалостени пред крематориум во…

Камион удри во група ожалостени кои чекаа…

Тим од врвни експерти ќе се справува…

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека на состанокот…

„Тиквеш“ и „Камник“ се добитници на „Винскиот…

Македонските винарии „Тиквеш“ и „Камник“ се добитници…

Македонија е 29-ти најголем извозник на вина…

Македонија е 29-ти најголем извозник на вина…