Кисела Вода добива целосно реконструирано и инклузивно училиште

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на Фејсбук објави дека општината добива целосно реконструирано и целосно инклузивно училиште. Објавата ја пренесуваме интегрално:
„🏛️ ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу” својот 61 роденден ќе го дочека реновирано и целосно инклузивно. ☑️
Денес присуствувавме на свеченоста по повод 60 години од постоењето на ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу”. Положивме свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор, а потоа ја проследивме приредбата на учениците, како и промоцијата на документарниот филм посветен на училиштето.
⛑️ Во склоп на одбележувањето на јубилејот, во училишната спортска сала се одржуваше и крводарителска акција.
🚧 Денешната посета во ова училиште ја искористивме и за да извршиме увид во градежните активности кои тука се одвиваат и на учениците ќе им овозможат унпредување на условите за работа.
Имено, реконструкцијата на овој училишен објект опфаќа промена на кровната конструкција, поставување на нова термоенергетска фасада, како и изградба на лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи и специјални тоалети.
🅿️ Предвидена е и изградба на паркинг места за овие лица и дактилни патеки во дворот на објектот.
☝️ Со тоа, ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу” ќе стане првото целосно инклузивно училиште во Скопје.“ – Пишува во Фејсбук објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ученици учат во училиште без кров…
Ученици учат во училиште без кров во…
ТРАМП ГО УКИНА ОГРАНИЧУВАЊЕТО ЗА ВОДАТА ВО…
Откако со години се жалеше на тоа,…
ЕК ги истражува Фејсбук, Тему, ТикТок, Инстаграм…
Европската комисија покрена 10 истраги против социјалните…
Падна Фејсбук: Пријавени проблеми поврзани со објавување…
Фејсбук, главната апликација на Мета, не работи…
Бајден ја осуди одлуката на Мета да…
Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше…