Клековски: Ако власта одбива да ја презентира пред опозицијата платформата на која преговара со Бугарија, како очекува опозицијата да влезе во комисиите за тие преговори

t

„Ако Бујар Османи го исклучува Собранието, ако ја исклучува Комисијата за надворешни работи и дава непристоен предлог на пратениците да одат еден по еден во канцеларијата на министерот, мислам се извинувам тоа е комплетно ивртување на однос извршна и законодавна власт. Значи министерот оди во Собранието, а не Собранието кај министерот“,истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на телевизија 24.

Клековски додаде дека апсурд е да власта го кани ВМРО-ДПМНЕ во комисиите, а не сака да ја прикаже платформата на која се преговара.

„Достапни ли се на ВМРО-ДПМНЕ 5+1 планот и одговорите од истиот тој план“, запраша Клековски.

Клековски посочи дека може Бујар Османи и на затворена седница да ги презентира одговорите на планот 5+1.

„Ако не е тајна, што има во тие одговори? Едноставно одбивањето да се презентираат одговорите на затворена седница созадаваат некаков сомнеж. Ако власта одбива да ја презентира пред опозицијата платформата на која преговара како очекува опозицијата да влезе во комисиите за тие преговори“, нагласи Клековски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коцевски: Поднесувам неотповиклива оставка – Постапката за…

Од почетокот тврдев дека евентуалнатга постапка за…

Македонија и формално влезе во преговори за…

Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…

Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови…

„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но…

Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија

Водостоите на речните текови во земјава денеска…

Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…

Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…