Клековски: Само работодавачот Лукровски може да го провери боледувањето на градоначалникот Лукровски
„Само работодавачот може да го провери боледувањето на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски“. Ова денес го изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој рече дека информации за процедурата за тоа како е издадено боледувањето, може да побара од ФЗОМ и да добие само работодавачот.
-Информации за боледување може да побара работодавачот и само работодавачот може да добие за процедурата на боледувањето, а во ниеден случај за дијагнозата. Ако ве интересира овие информации, може да ги дадам само на работодавачот на негово барање, изјави Клековски денеска пред медиумите.
Градоначалникот Лукровски речиси дваесетина дена не е на работа во Општина Карпош. Тој последен пат беше виден во јавноста на одбележувањето 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клековски: Само работодавачот Лукровски може да го…
„Само работодавачот може да го провери боледувањето…
Предупредување од УХМР: Доаѓа невреме со град…
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно…
Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност…
Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност…
Светски познатиот професор по потекло од Кривогаштани,…
На 20.5.2026 година, во својот Кабинет, Неговото…
Бујар Османи од Атина: Го поддржувам предлогот…
Писмото што германскиот канцелар Фридрих Мерц го…