Кличко: Киев може да остане без греење до пролет
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко не ја исклучува можноста, во случај на руско гранатирање на инфраструктурата на главниот град во текот на зимата, водата да мора да се испушти од системот за греење, а до пролет ќе биде тешко да се врати.
-Во ситуација кога нема греење и вода во рок од 24 часа на надворешна температура од минус пет, ќе мораме да ги испразниме системите за греење во Киев, бидејќи тоа може да доведе до дополнително оштетување на системот. Ќе бидеме принудени да ја исклучиме водата, а до почетокот на пролетта ќе имаме тешки предизвици, изјави Кличко на Киевскиот безбедносен форум, пренесе украинска „Правда“.
Киевскиот градоначалник истакна дека „за многу краток временски период температурата во становите може да не се разликува многу од надворешната температура“, а дека постои и ризик од уништување на системот за снабдување со електрична енергија во целиот град.
Тој ги повика жителите да бидат подготвени за различни сценарија и да подготват резервен план.
-Секој жител на Киев би го замолил да разговара со роднини, познаници. Доколку некој од нив некаде има куќа, а во неа да има парно и вода, во случај на критична ситуација да отиде таму, бидејќи тоа се двете клучни компоненти за нормален живот, вели Кличко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…