Ковачевски: Буџетот и денарот се стабилни, државните резерви се на највисоко ниво
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека Буџетот е стабилен и ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски во однос на програмите за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.
При конципирањето на Буџетот за 2022, беа намалени непродуктивните трошоци во буџетските ставки за сметка на обезбедување дополнителни средства заради справување со економската криза за која знаевме дека во 2022 година ќе ја има и заради тоа успеавме да ја одржиме ликвидноста на компаниите во енергетскиот сектор“, истакна премиерот Ковачевски, акцентирајќи дека при конципирањето на Буџетот за годинава се одвоени резерви за справување со кризата во посебна програма, која сѐ уште постои во Буџетот.
Премиерот Ковачевски потврди и повтори дека Владата е во постојана комуникација со Народната банка на Република Македонија и нема никакви стравувања во однос на стабилноста на денарот и дека државните резерви се на највисоко ниво и согласно висината на државните резерви стабилен е и денарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија во моментов не размислува за враќање…
Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено…
Паѓа случајот „Организатори 27 април“? Направени битни…
Утврдени битни пропусти и свесно манипулирање во…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДКСК свитка опашката: Нема основа за постапување…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…
Две лица планирале бомбашки напад во Сараево!
Полицијата во Сараево вчера уапсила две лица…