Ковачевски и Ќучук разговарале за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите во Скопје и Софија

Премиерот Димитар Ковачевески кој е во прва посета на Брисел вечерва одржа неформална средба со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, објави Владата на официјалниот фејсбук профил.
Како што соопштуваат оттаму, премиерот Ковачевски, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи во Брисел остварија и неформална средба со бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан Ќучук, на која разменија мислења за воспоставената нова динамика во односите меѓу владите на Македонија и Бугарија.
Вечерва Ковачевски треба да се сретне и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. Утре ќе има средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Ковачевски, денеска ја започна својата прва официјална посета на Брисел со средба во седиштето на НАТО со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…