Ковачевски на средба со г.г. Стефан: Одлуката на Вселенската Патријаршија е признание за вековното постоење на МПЦ-ОА
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.
На средбата премиерот Ковачевски му честиташе за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека станува збор за историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на Македонската Православна Црква, наследничка на древната Охридска Архиепископија.
Со оваа одлука на Вселенската Патријаршија, беше потенцирано на средбата, архијереите на МПЦ-ОА, свештениците и монасите, како и православните верници во нашата земја се стекнуваат со правото да соучествуваат во литургиското единство со останатите православни цркви.
Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, посочи дека оваа историска одлука е донесена кога оваа генерација архијереи раководи со МПЦ-ОА и со православното свештенство, монаштво и со православниот народ и дека таа е донесена со интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години, во која со свој придонес учествуваа и претставници на Владата на Македонија.
Во таа насока беше и писмото на премиерот Ковачевски на почетокот на неговиот мандат до патријархот на Цариградската Патријаршија, неговата светост Вартоломеј, во кое тој уште еднаш повика Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да биде примена во евхаристичко единство со Мајката Црква како решение на ова долгогодишно црковно прашање во нашата земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Фала Мицкоски: Меџити ја пречека албанската…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ja…
СДСМ: ДПМНЕ е македонска верзија на Монти…
Кога менуваат обвинител само за да си…
Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Пентагон: Кина распоредила повеќе од 100 интерконтинентални…
Кина веројатно распоредила повеќе од 100 интерконтинентални…
Муцунски за повлекувањето на Мицкоски во 2029…
Одлуката на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ…