Ковачевски: Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга
Не знам зошто е од интерес потеклото на роднините на мојата сопруга. Таткото на мојата сопруга е роден во Куманово, дедото на мојата сопруга е роден во Крива Паланка. Мојата сопруга е родена во Крива Паланка, јас сум роден во Куманово, нашите деца се родени во Скопје. Сите поседуваме лични документи од Северна Македонија. Нема да ги коментирам предците на мојата сопруга, изјави денеска премиерот димитар Ковачевски по вчерашната објава на бугарски Труд дека неговата сопруга била Бугарка. Веста ја пренесоа и дел од македонските медиуми.
Според Труд, кој тврди дека поседува документи, таткото и дедото на Елена Ковачевска – Митко Станојковски и Станојко Станојковски се Бугари родени во општина Босилеград. Во редакцискиот мејл на бугарскиот весник „Труд“ пристигнала копија од документ според кој Елена Ковачевска, сопругата на актуелниот македонски премиер Димитар Ковачевски, е Бугарка. Консултациите со луѓе кои детално го знаат процесот на стекнување бугарско државјанство, покажал дека документот ги содржи сите потребни атрибути за да биде вистинито, пишува „Труд.
Бугарскиот портал, меѓудругото, коментира дека Ковачевски изјавил дека го покренал прашањето за човековите права за малите етнички групи „на високо ниво“. Инсистирал на тоа дека сите граѓани, вклучително и Бугарите, имаат еднакви права и можности за професионален развој и е подготвен да разговара на оваа тема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е малолетната Југословенка која родителите ја…
Во полицискиот извештај, кој сега е декласифициран,…
(Фото) Злоупотреба на службени возила во Гевгелија
Кога со пренамена на средства од буџетот…
Исчезнала среде бел ден во населено место,…
Повеќе од една година семејството Јанкови живее…
„Човештвото се соочува со огромна катастрофа“ –…
Северна Кореја предупреди дека Јапонија наводно се…
Еве зошто филмовите од 90-тите се подобри…
Додека модерната кинематографија сè повеќе се потпира…