Ковачевски патува за Софија

Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија ќе се одржи утре, во Софија.
По тој повод, владина делегација денеска ќе отпатува во соседна Бугарија.
Како што е најавено, на свечена церемонија, македонската страна ќе биде дочекана од бугарскиот премиер Кирил Петок во 16 часот.
На седницата, треба да стартува она што го договорија двајцата премиери при посетата на Петков во Скопје.
Тоа значи дека формираните четири работни групи ќе работат на интензивирање на соработката.
Со премиерот Ковачевски, имено денеска во Бугарија ќе патуваат вицепремиери Битиќи, Маричиќ, Груби и Грковска , но и Благој Бочварски и повеќемина од работните групи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Непознати лица упаднале во Бугарскиот КИЦ во…
Непознати лица синоќа упаднале во Бугарскиот културно-информативен…
Не се сите нацисти: Протести против отстранувањето…
Откако голем дел од политичките лидери во…
Филмски грабеж во ресторан во Софија: Две…
Напаѓачи ограбиле елитен ресторан во Софија вчера…
Бурна ноќ и во Софија: Апсење на…
Бурна ноќ вечерва и во Софија, бугарската…
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…