Ковачевски се плаши од средба со Мицкоски: Ќе треба да одговори што преговара со Бугарија

На новиот претседател на СДСМ и мандатар, Димитар Ковачевски не му одговара лидерска средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бидејќи истата ќе му ја затресе фотељата истакна Александар Митовски од Инфомакс во своето гостување на телевизија Алфа.
ВМРО-ДПМНЕ има неколку барања за да се случи лидерска средба меѓу кои договор за предвремени избори, но и откривање деталите од договорот 5+1 помеѓу Бугарија и Македонија и токму сознанието што се договора со Источниот сосед ќе го разгневни македонскиот народ истакна Митовски.
-На СДСМ не му одговара лидерска средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски. Не им одговара да разговараат за 5+1 бидејќи би требало да кажат нешто, а не се подготвени тоа да го направат. Не верувам дека Димитар Ковачевски ќе прифати лидерска средба, сигурно не би сакал да си го бранува првиот месец во Влада со средба со Мицкоски.
Според Митовски нема да има голема разлика во политиките на новата Влада, тој посочува дека на власт се сега киборзи, клонови на претходниот владин состав и не очекува нови политики, борба со корупција, не виткање кичма и прекин на преговори со Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…