Ковачевски се сретна со американската амбасадорка: Корупцијата главна тема!

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер.

На средбата се потврди долгогодишното стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД, како и силната поддршка за евроинтеграциите на Република Македонија. Амбасадорката на САД, Агелер упати јасна порака дека Соединетите Американски Држави и понатаму ќе бидат искрен партнер и пријател на државава, кои ќе даваат поддршка и за реформските процеси на државата со цел да се обезбеди подобар живот за граѓаните.

Исто така, на состанокот се разговараше и за конкретните чекори кои државата ги презема во борбата со корупцијата. Амбасадорката на САД, Агелер потенцираше дека намалувањето на корупцијата влијае врз развојот на државава во сите сфери. Според неа, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на државата со тоа што влијае врз забавувањето на економскиот раст.

Премиерот Ковачевски посочи дека судството и обвинителството треба да функционираат независно, а случаите на коруптивни пракси треба да се пријавуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митовски: Граѓаните бираат менаџери на општините, СДСМ…

СДСМ има соодветна кадровска понуда за претстојните…

Ученици од Прилеп од 70.000 натпреварувачи освоија…

Учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од…

Левица: Пожар на дива депонија на територија…

И во текот на летните денови Скопје…

Селективност од страна на МВР: Поднесуваат кривични…

МВР поднесува кривични пријави за урбана опрема,…

(Фото) Тензично во Нови Сад, граѓаните истурија…

Граѓанската непослушност и блокадите на клучните патишта…