Ковачевски: Утре ќе донесеме конечна одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

t

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека утре ќе се донесе конечна одлука за учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

– Во пресрет на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, денеска одржавме вонреден состанок на Отворен Балкан заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја од земјите, регионалните перспективи како и за динамиката на евроинтеграцискиот процес. Се согласивме дека по дополнителни интерни консултации, утре претпладне ќе ја донесеме финалната одлука за нашето учество на ЕУ-Западен Балкан самитот во Брисел, објави Ковачевски на Фејсбук.

Премиерот исто така истакна дека разговарале за повеќе теми важни за регионот и дека покренале иницијатива за Агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан, која ќе овозможи дополнителен економски развој за регионот.

– Тема беше и претстојниот саем за храна вино и туризам кој треба да се одржи во Белград, како и повеќе други теми кои произлегоа од последниот Самит на Отворен Балкан кој се одржа во Охрид, додаде Ковачевски.

Претходно и српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека преку видео-конференциска врска разговарал со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама за претстојниот Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, нагласувајќи дека одлуката за тоа дали ќе присуствуваат на средбата сите тројца ќе ја објават утре.

– Заедно се бориме за јасна перспектива на Западен Балкан, уште посилна соработка и подобро поврзување, наведе Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Самитот ЕУ – Западен Балкан, на кој се очекува учество на претставници на ЕУ и на лидерите од земјите од регионов, треба да се одржи в четврток во Брисел, пред јунското заседание на Европскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…