Ковачевски уверува: Јас сум човек со свој интегритет и визија, сите разговори со новото раководство ги водев сам

t

Со поранешниот претседател Бранко Црвенковски сум немал разговор во последниот период. Сите разговори со новото раководство ги водев сам. Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство, вели новиот мандатар на Владата и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, гостувајќи во Дневникот на ТВ Сител.

Ковачевски информира дека ги видел обвинувањата на опозицијата, споредувајќи го него „како пиун на Заев“.

-Бев мета на напади уште од првиот ден. Сепак сакам да нагласам дека тимот што го одбравме вчера е целосно создаден од моја страна. Јас сум човек со свој интегритет и визија. Што се однесува до владиниот кабинет, се уште не сум го составил. Од утре ќе имам разговори, по што ќе го направам изборот, рече Ковачевски.

Во однос на неговите први средби со лидерите на други земји, Ковачевски изјави дека со задоволство го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во посета на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…

СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?

„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…