Ковачевски: 400 милиони поддршка за животниот стандард и економската стабилност

t

Ги насочуваме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет во моментов е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност, порача на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски во својата објава истакнува дека живееме во време на огромна светска економска криза, но дека со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

„Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија која би била 80% поскапа доколку нема субвенции, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржуваме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни. Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите“, пишува претседателот на Владата Ковачевски.

Ковачевски потсетува дека и покрај овие кризни мерки, Владата ја покачи минималната плата, имаме рекордно покачување на пензиите, како и финансиска поддршка за пензионерите.

„Сакам јасно да порачам, сите функционери, сите оние кои работат и се платени од граѓаните максимално одговорно да ги трошат државните пари. Истовремено, сакам да им порачам на граѓаните и на компаниите, дека секој има одговорност за рационално користење на енергетските ресурси во време на голема енергетска криза. Ова ќе биде тешка економска година, но силно верувам дека заедно ќе ја пребродиме“, потенцира премиерот Ковачевски во објавата на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче ги повика партиите на создавање на…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конфереција…

Пет земји во кои е забрането да…

Иако Божиќ во многу делови од светот…

Минатата недела пријавени 139 заболени од грип,…

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ)…

Затвореник од затвор се јавувал кај угостител…

СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија…

Митко Јанчев: Од 1 јануари започнува со…

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните…