Ковачки до Пендаровски: Гледај и учи од Ахмети, ти не си врховен командант, ти си само послушник

t

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, преку Фејсбук статус му порача на Претседателот Пендаровски да учи од Али Ахмети како се сака сопствениот народ.

Во проголжение Фејсбук статусот на пратеникот:

“Пратеникот Ахмети придружуван од првиот вице-премиер и министерот за надворешни во посета на Владата на Косово со изјава дека Косово му е секогаш со срцето и умот кога носи одлуки и презема акции.
Од друга страна, претседателот на МК – Стево Пендаровски ги повика Македонците од ОМО Илинден за да ги понижи притоа неспомнувајќи дека прво станува збор за Македонци, а дури после тоа за граѓани на Бугарија.
Оти ако тие беа само граѓани на Бугарија, а не беа и Македонци, тогаш што воопшто ќе бараа кај него во кабинет, нели?
Дојде ред оној што е платен од овие граѓани да ја брани македонштината, да се срами и да се плаши да го изговори зборот Македонец во главниот град на Македонија.
Пендаровски, гледај и учи од Ахмети. Ти не си врховен командант, ти си само послушник на Заев и ја спроведуваш анационалната политика која заедно ја имате договорено со Ковачевски и Османи на штета на македонските национални интереси и македонскиот народ.
Доста си играте со чувствата на Македонецот!
#Однародени” – стои во објавата на Фејсбук
https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/325291389606691

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендароски како прав татко на нацијата: Го…

По Министерството за надворешни работи, и претседателот…

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски…

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните…

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорките на…

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими амбасадорките…

Пендаровски заинтересиран за Роналдо, ги пофали македонските…

Денеска во Давос, претседателот на Република Македонија,Стево…

Средба на Пендаровски со Абазовиќ во Давос

Претседателот Стево Пендаровски, за време на учеството…