Кого е*ете во здрав мозок? На кратко за бојкотот на маркетите…

t

На кратко за бојкотот на маркетите…

Бојкотот на потрошувачите функционира само во услови на слободен пазар и во услови кога има високо ниво на конкуренција на страна на понудата..

Во случајот со бојкотот на маркетите од самиот старт истиот е осуден на пропаст затоа што не постои друг понудувач на пазарот кои што им ги нуди истите производи односно осноновните продукти за живот на потрошувачите.

Во случај кога големите ланци на маркети се однесуваат како олигопол, односно картелски се здружени и ги договараат цените со цел зголемување на профитот на сметка на граѓаните единствен начин да се заштитат потрошувачите е да интервенира државата, односно Владата. Се друго е залудно.

Ова е стручното објаснување.

А сега со пример да објасниме… Ако во петок бојкотирате купување во маркети вие само ја одложувате потрошувачката на основните производи за живот кои мора да ги купите. За да бојкотирате во петок мора да направите залихи во четврток или да испазарите се што не сте купиле во петок веќе наредниот ден во сабота бидејќи сум сигурен дека не планирате да гладувате Вие, вашите деца и вашите блиски.

Во превод Вие ќе ги потрошите истите сретства во маркет, само што тоа нема да го направите тој ден кога „бојкотирате“ што значи дека на ниту еден начин нема да го намалите профитот на маркетот или да им наштетите на газдите.

Јасно ми е зошто Владата и партијата на власта го поддржува бојкотот… Целта е да се направи шоу пред јавноста демек ние сме на ваша страна, а од друга страна на никаков начин да не им наштетат на газдите кои веројатно „донирале“ во кампања пред избори.

Не ми е јасно како одредени таленти на социјалниве мрежи кои солат памет за се и сешто испаднаа олку глупави кога станува збор за основна економска логика.

Во превод ако не ви чинат цените во маркетите и сметате дека истите се на штета на нас граѓаните адресата за револт и протест е Илинденска б.б.

Разумното прашање е дали следно Владата ќе поддржи бојкот на воздухот затоа што е загаден, а ние граѓаните ќе треба да провериме колку време можеме да не дишеме?

Пишува: Милош Милошевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…