Кого ќе испрати Македонија на погребот на кралицата Елизабета Втора?

t

Македонската влада допрва треба да одлучи кој ќе биде испратен да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора на 19 септември во Лондон.

Британското МНР веќе испратило писмо до сите странски амбасади во Лондон, вклучувајќи ја и македонската. Нотата содржи детали околу погребот, но не и директна покана.

Останува на државите сами да одлучат на кој начин и на кое ниво ќе го проследат или одбележат овој настан.

Лондон  денес треба да достави повеќе информации во врска со погребот. Тоа ќе биде политички настан сличен на погребот на Винстон Черчил во 1965 година, или на оној на Нелсон Мандела.

Освен претседатели и премиери, на погребот ќе присуствуваат и други кралски семејства од светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…