Колони на бензинските низ Скопје: новите цени на горивата ги вознемирија граѓаните

t

Повторно колони на бензинските низ Скопје. Веста за новото поскапување на горивата предизвика зголемен метеж на бензинските станици, каде дел од граѓаните се обидуваат да наполнат гориво пред да стапат на сила новите, повисоки цени.

Регулаторната комисија за енергетика најави ново поскапување што стапува на сила од полноќ, како резултат на растот на светските цени на нафтата и зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот.

Според одлуката на РКЕ, од 17 март во 00:01 часот максималните малопродажни цени на горивата ќе изнесуваат:

– ЕУРОСУПЕР БС-95: 86,50 денари за литар
– ЕУРОСУПЕР БС-98: 88,50 денари за литар
– ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 92,00 денари за литар
– Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 89,50 денари за литар
– Мазут М-1 НС: 47,453 денари за килограм

Бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 7 денари по литар, додека дизелот се зголемува за 6,5 денари по литар. Цената на мазутот се зголемува за 4,867 денари по килограм.

Од Регулаторната комисија велат дека новата пресметка е резултат на значителниот раст на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи.

Според податоците на РКЕ, бензините на светските пазари се поскапени за околу 16,9 проценти, дизелот за 11,7 проценти, екстра лесното масло за околу 13 проценти, а мазутот за околу 14,6 проценти.

Истовремено, од Регулаторната комисија им укажаа на нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за 2 денари по литар, согласно договорениот попуст со Владата и добавувачот ОКТА, со цел граѓаните директно да го почувствуваат ефектот од ова намалување.

И покрај новото поскапување, од РКЕ велат дека цените на нафтените деривати во Северна Македонија и понатаму остануваат меѓу најниските во регионот и Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колони на бензинските низ Скопје: новите цени…

Повторно колони на бензинските низ Скопје. Веста…

„Најдолгата година“: Сопругата на трагично загинатиот Андреј…

Болката не стивнува ниту по една година.…

Вчера пет лица лишени од слобода, шест…

На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица…

Левица: Жртвите од Кочани заслужуваат правда

Денес се навршува една година од трагедијата…

Тешко повреден е 16-годишен мотоциклист од Струмица,…

МВР информира дека вчера попладне во 14:00…