Објавено на:

Конечно една добра вест за Ѓоковиќ

t

Роксана Мараксино, министерката за спорт на Франција, изјави дека Новак Ѓоковиќ, невакциниран, ќе може да настапи на Ролан Гарос.
Додека некои не го пуштаат да влезе во земјава, некои едвај го чекаат.
Новак Ѓоковиќ е во притвор во Мелбурн, а додека ја чека одлуката дали ќе му биде одобрена визата, се огласија и француските власти.
Роксана Мараксино, француската министерка за спорт, истакна дека законот во таа земја е поинаку регулиран и дека Ѓоковиќ ќе има поинаков третман од случајот во Австралија.

„Имаме здравствени протоколи на соодветни федерации за големи настани, кои ќе му овозможат на некој како Новак Ѓоковиќ да влезе во земјата“, нагласи Мараксино.

На Новак во Париз не би му требало ниту медицинско ослободување, бидејќи таму играчите имаат право на избор и доаѓаат невакцинирани.
„Во Франција денес немаме исти правила за влез во земјата како во Австралија, ниту за спортистите ниту за други државјани на странски земји. Невакциниран спортист може да се натпреварува бидејќи има протоколи и здравствени меури за големи настани“, објасни министерот кој се надева дека нема да има потреба од менување мерки и примена на построги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…

Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…

„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…

Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…

Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква…

Израел е способен да постигне каква било…

Генералниот секретар на ОН предупредува: Светот се…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Хаос во цел свет: Откажани се летови,…

Голем број компании, банки, медиуми и авиокомпании…