Објавено на:

Конфискуван станот на украинската прва дама во Крим: Вреди 800.000 долари

t

Русија го конфискуваше станот на Олена Зеленски, сопругата на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а тоа е направено благодарение на одлуката на Собранието на Крим, кое едногласно изгласа национализирање на имотот на украинските бизнисмени и политичари на овој полуостров.

Гувернерот Сергеј Аксјонов истакна дека биле запленети повеќе од 130 имоти, вклучувајќи кина, фабрики, трговски центри, винарии и банкарски структури.

Минатиот февруари, Кримското собрание гласаше за национализирање на околу 500 имоти на украински политичари и бизнисмени. Наводно, според некои проценки, пентхаусот со три спални соби на Олена Зеленски на брегот на Црното Море во близина на одморалиштето Јалта вреди 800.000 долари.

Имотот беше купен од деловен тајкун во 2013 година за нешто помалку од 164.000 долари. Откако Зеленски победи на претседателските избори во април 2019 година, Ројтерс објави дека цената платена за имотот била најмалку 50 отсто под пазарната вредност.

Запленувањето дојде како одговор на законот воведен во Украина минатата година со кој се легализираше запленувањето на имотот на руските граѓани и бизниси без надомест.

– Добивката од продажбата на национализираниот имот, вклучително и станот на Зеленски, ќе биде распределен на семејствата на руските војници загинати во нападот на Украина – изјави претседателот на Кримското собрание, Владимир Константинов.

Во август, Киев одобри заплена на повеќе од 900 различни имоти во руска сопственост во земјата, вредни 765 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…