Објавено на:

Косово зaбрани „копање“ на криптовалути

t

Владата на Косово донесе одлука да го забрани копањето на криптовалути, бидејќи за тоа се трошат големи количини електрична енергија, пренесува Репортерс.
Министерката за економија на Косово, Артана Ризваноли, изјави дека со препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на таканареченото ископување криптовалути.
„Врз основа на препораките, донесов одлука за итни мерки за забрана на производство на криптовалути на целата територија на Косово. Институциите за спроведување на законот ќе го прекинат производството на предметната активност со поддршка на сите релевантни институции кои ќе ги идентификуваат локациите за производство на криптовалути“ рече Ризваноли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…

Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…

Германија бара од Србија да соработува со…

Германската амбасада во Приштина објави дека српските…