Кос: ЕУ не смее да добие “тројански коњ” со проширувањето

t

ЕУ не смее да добие тројански коњ со проширувањето – нема политичка волја за гласање со квалификувано мнозинство се уште. Ваква порака испрати еврокомесарката Марта Кос, на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија.

Според Кос, има 5 клучни елементи во проширувањето, а првиот е дека не треба да има кратенки за реформите. Порача дека ЕУ треба да биде осигурана од чекори наназад и предложи – новите договори за пристапување, да содржат посилни заштитни мерки за почитување на фундаменталните вредности. Најави дека Црна Гора би можела да биде првата со таков нов вид договор.

Марта Кос еврокомесарка за проширување : Нема покус пат за реформите. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции остануваат темелот на проширувањето. Целосното членство во ЕУ никогаш не смее да биде на штета на тие темелни вредности. Второ, без тројански коњи. Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата научена од 2004та е дека треба да имаме заштитни механизми кои ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата е заштитен дури и по 5, 10 или 20 години подоцна.

Кос изјави дека ЕУ треба да се подготви за проширувањето, но и да ги награди кандидатките кои ги исполнуваат реформите. На прашање за гласање со квалификувано мнозинсто, еврокомесарка Кос порача дека новата методологија остава простор за вето на секој чекор и дека Комисијата се обидела да го стави на маса предлогот за гласање со квалификувано мнозинство, но се уште нема политичка волја меѓу членките.

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, пак, порача дека ЕУ треба да размислува за тн. супер квалификувано мнозинство или едногласност минус три.

Никола Димитров поранешен МНР : Постојат толку многу нијанси на сиво помеѓу целосната едногласност и гласање со квалификувано мнозинство во преодните фази на проширувањето. Поранешниот италијански премиер предложи- зошто да немаме супер квалифуикувано мнозинство, каде што, ако сакате да блокирате одлука за проширување, ќе треба да најдете уште две земји членки да ве поддржат. Значи, едногласност минус три.

Спорот меѓу Скопје и Софија покажа дека се дава несразмерна моќ на една членка – наспорти кандидатка за влзе во ЕУ, порачаа дел од панелистите.

Бриџид Лафан политиколог, професор во Центарот за напредни студии „Роберт Шуман“ при Европскиот универзитетски институт :Билатералното прашање со Бугарија стана вградено во самиот процес на проширување. Мислам дека тоа е крајно нездраво, некорисно и овоможува ситуација, каде што се дава несрзмерна моќ на една земја членка во однос на земја кандидат.

Ирена Јовева европратеничка од Словенија : Има многу земји членки кои забораваат кога и како – не зборувам за Франција, туку на пример Бугарија, која има многу проблеми со соседите. Особено со Северна Македонија.Тоа е чист национализам. И сметам дека тоа не е оправдување за тоа што го прават.

Пораките од Талин денеска беа и дека е потребно да се зајакне довербата кај земјите -членки и кај граѓаните на ЕУ и дека без таква доверба, проширувањето никогаш не може да биде успешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос: ЕУ не смее да добие “тројански…

ЕУ не смее да добие тројански коњ…

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на…

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно…

Моќен говор на Мерц во Минхен: „Европа…

Германскиот канцелар на Безбедносната конференција осврнувајќи се…

Касами дециден: „Беса“ одлучува кој ќе биде…

Иако пред два дена во емисијата Клик…

Здружението на инфлуенсери го отфрла Правилникот на…

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални…