Коцарев: Владата е партиско-етничка, нeкомпетентна, koруптивна и нeфункционaлна

Македонските влади, главно, но посебно во изминатите неколку години, не се ниту политички, ни експертски, ниту компетентни, посочи академик Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ, во интервјуто за „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа. Тој цени дека спротивно на тоа, владите се резултат на пазарења и уцени, тие се партиско-етнички, некомпетентни, коруптивни и нефункционални, што ја прави подредена улогата на парламентот, институциите, администрацијата и правосудниот систем.
„Во изминатиов период Владата е блокирана дури и за определени економски реформи кои поминале неколку фази од собраниската процедура… Станува пракса принципот на условувања и на замена на експертско и стручно знаење, со некакво си ‘политичко договарање’ и ‘политичко пазарење’. Со тоа се стеснуваат можностите за ефикасно работење на Владата и за носење на квалитетни законски решенија од системски карактер за кои расправа и одлучува
Собранието на Република Македонија“ потенцира академик Коцарев.
„Таквото однесување достигна кулминација во 2021 година. Наместо доследна примена на начелото на поделба на власта и создавање на цврста институционална рамка за владеење на правото, во изминатите три децении бевме сведоци на сѐ поголемо јакнење на позицијата на извршната власт, спротивно на уставните определби, и создавање услови за партизација, како и неодговорно, неконтролирано и коруптивно остварување на нејзините функции“, посочи претседателот на МАНУ во интервјуто со Љупчо Цветановски за ТВ Алфа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…