Кочанска трагедија – граѓаните се надеваат на неселективна правда и вистинските виновници ќе бидат зад решетки

t

Кочани учи да живее со болката и останува да чека правда. Речиси десет месеци по пожарот во „Пулс“ и понатаму граѓаните очекуваат правда, поддршка и солидарност. Кочанчани велат, желбата за неселективна правда е толку голема што прави да се надеваат дека еден ден и ќе ја дочекаат.

Судењето за трагедијата почна на 19 ноември и е на самиот почеток. И од Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ констатираат дека за толку голема загуба правда е неизбежно да има.

Меѓутоа, во текот на судскиот процес за трагедијата, двајцата осомничени инспектори од УЈП, Драган Паунов и Дуле Димитриев барале да им се укине првичната мерка домашен притвор која им ја одреди кочанскиот суд, кој пак деновиве одлучил по нивното барање дека сепак треба да се бранат со мерки на претпазливост. Одлуката сè уште не е правосилна бидејќи има жалбена постапка пред повисокиот суд, а осомничените и понатаму се наоѓаат во куќен притвор бидејќи обвинителството се жалело на одлуката на првостепениот кочански суд, па се чека деновиве штипска апелација да пресече.

Инаку, двајцата инспектори се осомничени дека земале поткуп и му дојавувале на синот на газдата на „Пулс“, кога ќе има ненајавени контроли во диското. Паунов е брат на претседателката на скопскиот Кривичен суд каде во моментов се одвива судењето за трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочанска трагедија – граѓаните се надеваат на…

Кочани учи да живее со болката и…

Ведро, но студено утро време, сончев ден…

Времето утре наутро ќе биде ведро и…

Руте: Само Трамп може да го натера…

Американскиот претседател Доналд Трамп е единствениот кој…

Српските студенти собираат потписи за избори: „Распиши…

Студентите во блокада во Србија денес организираа…