Кочоска: Целта на ребалансот е да обезбедиме целосна реализација на стратешките приоритети
Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и развојните приоритети на Владата. Ова во образложението го истакна министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска која рече дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност и развој.
„Овие измени и дополнувања ги носиме во услови на изразена глобална неизвесност . Геополитичките случувања продолжуваат да влијаат врз светската економија а нивните ефекти се чувствуваат и врз домашните економски текови и врз реализација на буџетот за 2026 година. Затоа со предложените измени ги усогласуваме макроекономските претпоставки и фискалните проекции пред се на расходната страна на буџетот. Целта е да обезбедиме целосна реализација на стратешките приоритети, програмските определби до крајот на годината“, рече Гордана Димитриеска Кочоска.
Од опозицијата со критики кон ребалансот на буџетот. Ова докажува дека првичната проекција на буџетот за годинава е промашена, оцени Фатмир Битиќи од СДСМ.
Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на буџетот со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет. Расправата за корекцијата на државната каса, според Деловникот може да трае 5 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочоска: Целта на ребалансот е да обезбедиме…
Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување…
Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Надоместоци исплаќани без критериум, пропусти во трошоците:…
Државниот завод за ревизија изрази мислење без…
Душегрижниците згрешија, буџетот ги надмина очекувањата, вели…
Иако, пред извесно време кажа дека нема…
Норвешка одвојува околу 40 милиони евра за…
Норвешка одвојува 425 милиони норвешки круни (околу…