Објавено на:

Кој е Филип Кораќ, наследникот на Земунскиот клан кој никој не смее да го фотографира?

t

Филип Кораќ кој од вчера е во затвор во Хрватска беше главен ривал на Веља Невоља и Марко Миљковиќ Месар.Токму тој ги донел хулиганите од Сплит на натпреварот Партизан и Звезда во 2017 година.

Филип Кораќ е наследник на Земунскиот клан, најголемата криминална организација во Србија.Поврзан е и со врвот на црногорскиот Шкаљарски клан.

Хрватска распиша меѓународна потерница и европска потерница за поседување фалсификуван хрватски пасош. Неговото име се поврзува со мафијашки убиства во соседните земји, наводно десна рака на Лука Бојовиќ, кој моментално е во затвор во Шпанија.

Вешто го крие својот изглед

Досега ретко кој знаеше како изгледа Филип.Тој сите овие години многу внимавал никој да не ја фотографира. Дури и на приватни прослави било забрането камера да се врти кон него.

Кораќ беше ривал на познатите српски криминалци Веља Невоља и Марко Миљковиќ Месар. Во Србија тој беше гонет за поттикнување убиство, но беше суспендиран бидејќи немаше докази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ